Австрија победи на Евровизија 2025
Со мини филм за спасување на пехарот на Еврвизија кој минатогодишниот победник Немо го скрши и дефиле на сите 26 учесници започна 69тото издание на Евровизија 2025. Манифестацијата ја водеа водителките Хејзел Бругер и Сандра Студер на кои им се придружи и познатиот моделот и водител Мишел Ханцингер, инаку првата сопруга на музичката ѕвезда Ерос Рамацоти.
Во венчаница со бисери и бела крзнена шубара, минатогодишниот победник Немо го отвори финалето на Евровизија.
Во финалето настапија 26 земји: 20 кои се квалификуваа преку двете полуфинални вчеери и шесте директни финалисти, земјите од „Големата петорка“ (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) и домаќинот Швајцарија.
Гласањето за публиката започна на самиот почеток на Евровизија, а по завршувањето на официјалниот дел, следуваше шоуто, а на сцената се појавија Бејби лазања кому лани за влакно му побегна победата, иако беше прв според гласовите на публиката и Карија, шоу осмилено како музички натпревар во арена. Натпреварот преку песната Eurodab ја крена публиката на нозе. Музичкиот забавен дел во затвори повторно Немо, а потоа следувашпе гласањето на сите земји учеснички.
Прва гласаше Пведска и првата 12 ја доби Австрија. Од балканските земји, Словенија и Хрватска и дадоа 12 поени на Италија, Србија на Франција, а Црна Гора на Грција. И годинава не изостана добро познатиот модел на добрососедското гласање. Италија беше единствената земја која гласовите не ги соопшти презентер, туку глувчето Џиџо со помош на вештачката интелегенција. Австрија убедливо го доби најголем број на поени од повеќето земји. Исланд беше единствената земја која не доби ниту еден глас во ова гласање. Австрија беше прва според гласањето на сите земји учеснички со 258 поени.
Следуваше гласањето на публиката, според кој Велика Британија и домаќинот Швајцарија не добија ниту еден глас. Израел за кратко го презеде водството на табелата и остана во трка со Австрија да се бори да победа. Австрија со претставникот Џеј Џеј и песната „Залудна љубов“ доби 117 поени од публиката и со претходно освоените 258 поени е победник на Евровизија 2025 со што ова е трета победа на Австрија на Евровизија.
Австрија се натпреварува na Евровизија од 1957 година па сè до денес и забележа две победи во 1966 и во 2014 година.