Австралија со историско прво полуфинале на СП во кошарка
Foto

Австралија со историско прво полуфинале на СП во кошарка

Австралија за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на Светското првенство во кошарка.

Кошаркарите на Андреј Леманис ставија крај на приказната на дебитантот на Мундијалот, Чешка, победувајќи ги со 82:70 (17:17, 16:13, 30:18, 19:22) во последниот четвртфинален натпревар на турнирот во Кина.

Милс со 24 поени и 6 асистенции, како и Крис Гулдинг со 14, беа двајцата најдобри стрелци кај Австралија, додека Патрик Ауда постигна 21 за Чешка, а Томас Саторански остана на скок од „трипл-дабл“ – 13 поени, 13 асистенции и 9 скокови.

Во полуфиналето Австралија излегува против Шпанија.

0 Коментари

Остави коментари