Австралија прва, Америка последна ќе ја дочека новата 2019 година
Foto

Австралија прва, Америка последна ќе ја дочека новата 2019 година

Со спекракуларен огномет и прослави, светот ја испрати старата и ја пречека новата година. 2019 први ја дочекаа жителите на Тихо-океанските држави Самоа и Кирибати. Еден час потоа, новата година пристигна и во Нов Зеланд а жителите на Оукленд уживаа во огнометот кој беше пуштен од 328 метри високиот Скај Тауер. Во Јапонија пак ѕвоната на будистичките храмови се огласија 108 пати, со цел да се испрати старата и да се дочека новата година.

А силниот дожд и грмотевиците не ги спречија жителите на Сиднеј традиционално да се соберат на пристаништето за да го следат спектакуларното шоу. Организаторите прославата ја опишаа како најголема досега а огнометот траеше околу 12 минути.

Први јануари последни ќе ја дочекаат жителите на Американска Самоа и на островот Ниуи во јужен Пацифик, каде новата 2019 година, по средноевропско време, ќе пристигне утре.

 

0 Коментари

Остави коментари