АВМУ одговори на претставката на водителката Елена Стефановска: Сергеј Варошлија употребувал непристојни коментари и недолични описи

По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ емитувана на 1 ТВ на 22 и 30 октомври и 8 ноември 2018 година.

Надзорот покажа дека се основани наодите од Претставката, според кои во овие изданија на емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и говор кој може да биде сметан за навредлив, а кој се однесува на физичкиот изглед на подносителката на Претставката.

Однесувањето и комуникацијата на овој начин се спротивни на начелото за заштита на достоинството на личноста и се непримерни за јавна комуникација преку телевизија.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот: https://bit.ly/2QDlXr2