Авиосообраќајот ќе се одвива регуларно за време на состанокот на ОБСЕ во Скопје, не се очекуваат доцнења

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, денеска, утре (30 ноември) и задутре (1-ви декември), ќе се одвива регуларно, информираат од ТАВ Македонија. И од Македонска навигација М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација, не очекуваат доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените за министерскиот состанок на ОБСЕ. 

Од ТАВ апелираат патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот за да стигнат навреме на аеродромот.