Авиони на дирекцијата за спасување го гаснат пожарот над Пинтија
Foto

Авиони на дирекцијата за спасување го гаснат пожарот над Пинтија

Авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се активираа во гаснењето на огнената стихија над скопска Пинтија. Пожарот кој избувна нешто пред пладне се одржува под контрола велат од противпожарната бригада на Скопје, потенцирајќи дека викендиците во блиската околина веќе не се во опасност.

Во меѓувреме, огнените јазици се проширија накај Батинци, каде повторно ќе се интервенира со канадери со вода. Гори сува трева и ниска деградирана шума, а поради непристапноста на теренот како и од ветрот, пожарот брзо зафати голема површина.

Од противпожарната бригада потенцираат и дека пламените што се ширеа накај сопиште се далеку од фабриката за пиротехника и дека нема никаква опасност за проширување на пожарот во таа насока. Во гаснењето на стихијата помагаат и локални жители, а на терен излезе и градоначалникот на Кисела Вода. 

0 Коментари

Остави коментари