АТП куп: Ѓоковиќ го победи Надал сo 2-0
Foto

АТП куп: Ѓоковиќ го победи Надал сo 2-0

Новак Ѓоковиќ забележа нова победа над Рафаел Надал, откако Србинот победи во 6:2, 7:6 во вториот натпревар од финалето на АТП Купот.

После победата, Србија го израмни резултатот на 1:1 и претстои одлучувачки дуел во двојки. Претходно денес, Роберто Баутиска Агут го совлада Душан Лајовиќ со 6:1,7:5.

Ѓоковиќ ја запиша својата седма победа по ред над Надал на тврди терени. Неговиот последен пораз светскиот број 1 на оваа подлога беше во финалето на УС Опен 2013.

Минатата година Новак ја освои седмата титула на Австралија опен, а во битката за трофејот го нанесе единствениот пораз на Рафа во три сета во финале на Гренд Слем турнир.

0 Коментари

Остави коментари