„АТЕЛЈЕ – радоста на сликањето“ за два јубилеја на Рубенс Корубин

„Ателје – радоста на сликањето“ е името на изложбата со која вечерва во 20.00 часот, во Чифте Амам, реномираниот сликар Рубенс Корубин ќе одбележи два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград.

На изложбатата ќе има 70-тина дела, од кои 30-тина се нови, од изминативе четири-пет години, како и цртежи и слики од неговата лична колекција.