Атанасовски за тв 24: Состојбата е тешка, недостасуваат слободни места во болниците
Foto

Атанасовски за тв 24: Состојбата е тешка, недостасуваат слободни места во болниците

Петар Атанасовски лекар во ГОБ „8ми септември“ во емисијата 24 анализа дека состојбата е тешка и дека се повеќе млади заболуваат. Персоналот пожртвувано се бори секој ден, вели Атанасовски и потенцира дека веќе цела година трае борбата со коронавирусот.

„Во нашите институции нема слободно место, се чека буквално некој да се испише или да почине, па да се завземе неговото место. Состојбата е тешка, недостасуваат места, загрижувачки е што се поголем број на млади заболуваат и се прават напори сите да се згрижат. Персоналот се бори веќе цела година.“ - вели Атанасовски.

Атанасовски вели дека рестриктивните мерките не се спроведуваат стручно и во игра влегува политиката. Се одело на играње на корист на политичките партии и едноставно кога требаше да се има избори, мерките се олабавуваа. Кога се шири пандемијата, мерките доцна се воведувале, вели Атанасовски. Големите земји воведуваат локдаун, но финансиски ги покриваат сите сектори.

0 Коментари

Остави коментари