Атанасовски за тв 24: Од Софија веќе три години слушаме изјави со заканувачки тонови
Foto

Атанасовски за тв 24: Од Софија веќе три години слушаме изјави со заканувачки тонови

Аналитичарот Благојче Атанасовски во емисијата 24 анализа во однос на ставот на Бугарија дека ќе го блокира почетокот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ ако не се исполнат одредени барања, смета дека националистички ставови на официјална Софија кои се користат за притисок врз државата.

„Тоа не е ништо ново и изненадувачи од официјална Софија. Во изминатите три години од кога е потпишан договорт за добрососедство, перманенетно гледаме официјални изјави од нивните претставници, во однос на позиционирањето на Македонија тие се изјави со заканувачки тонови, дека доколку не се согласуваме со бугарските ставови визави македонската историја која ја изучуваме во изминатите 75 години, тогаш ќе следи вето тоа се националнистички ставови на Софија кои во моментов се користат за притисок врз нашата страна и создавање на тензии, за да се доведе преговарачката позиција на Македонија потклекне под нивните официјални ставови.“ - вели Атанасовски.

Тој смета дека бугарите очекуваат по решавањето на името, да дојдат нивните 5 минути кои сака да ги искористи за своја цел од позиција на земја членка на ЕУ и да ги наметнат нивните позиции и да наметнат вето.

0 Коментари

Остави коментари