Атанасовски за ТВ 24: Не сум оптимист во тоа дека косовското прашање ќе се финализира по средбата по Охрид

Аналитичарот Благојче Атанасовски во емисијата 24 Отворено рече дека гледаме придвижување во односите во меѓународната заедница за да се најде решение на косовскиот проблем.

- Овој проблем трае од 1999 година кога Косово беше поставено како протекторат, па после прогласи независност. Сега се отиде со друга термилоношка одредница кога се вика нормализација на односите. Тоа значи непротивење на Србија за членство на Косово во меѓународните организации што Косово и ќе го добие со германскиот предлог, а Приштина ќе мора да формира заедница на српските општини. Не сум оптимист во тоа дека косовското прашање ќе се финализаира по средбата по Охрид. - рече Атанасовски