Атанасовски за тв 24: Европа не најде логично оправдување на политиката на Бугарија кон Македонија

Политичкиот аналитичар, Благојче Атанасовски во емисијата 24 анализа истакна дека Бугарија има тотално антицивилизациски и негаторски политики пред целата европска јавност со негирање на македонскиот јазик и идентитет воопшто на се што е македонско.

„Кога цела Европа не најде логично оправдување на нивните фашизоидни политики кон идентитетот, тие поставуваат нереални барања, кои сега им се само оправдувања. Тој лично сметал дека Бугарија ќе биде промотор на поттикнување на одобрување на грантови и кредити од европската банка со ниски каматни стапки, Бугарија да биде промотор за црпење на европските фондови за изградба на Коридорот 8.“ - вели Атанасовски.

Смета дека изјавите на Захариева се бесмислени, зошто Бугарија ништо не направила за овој коридор. Како тоа Македонија не ги реализирала своите обврски во економско-структурната поврзаност, прашува Атанасовски. Смета дека