Атанасоски во СТУДИО 10: Со одолговлекувањето на уставните измени ние самите се одвојуваме од Албанија која сама ќе влезе во ЕУ
Ние сме влезени во цајтност со уставните измени и до крајот на ноември, согласно францускиот предлог и завршувањето на скринингот со ЕУ, ние мораме да ги изгласаме за заедно со Албанија да го почнеме преговорите, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во СТУДИО 10 на ТВ 24.
- Со тоа што се одогловлекува процесот на изгласување на уставните измени ние самите ја одвојуваме Албанија од процесот, а ние ќе останеме во кошот на земји кои имаат етно-територијални проблеми, вели Атанасоски.
Дали ако Македонија не ги изгласа уставните промени повторно ќе изгубиме многу време во евроинтегративниот пат и ќе го урнеме францускиот предлог - кој е во суштина француско-американски предлог - тоа е она што треба да се запрашаат политичките лидери во земјава кои со право се изложени на надворешен дипломатски притисок коментира Атанасоски и додава дека нема шанси да издејствуваме поповолно решение од ова.
- Се лажат оние што мислат дека може да има подобро решение. Оти ако Бугарија не направи влада од првите две партии следна е националистичката Преродба која доколку формира влада ќе биде прва проруска влада во Бугарија, а да не зборуваме дека тие сметаат оти македонската нација не постои и снимаа спотови од Охррид дека Македонија е бугарска земја. Да не живееме во илузии. Бугарија доби што доби, но таму падна владата поради францускиот предлог кој за бугарските националисти беше предавнички, вели Атанасоски.
Тој посочува дека освен за бугарските националисти, францускиот предлог е неприфатлив и за бугарскиот претседател Румен Радев.