Атанасоски во СТУДИО 10: Не ни треба лидерска средба за сликање, ни треба политички консензус

Чуму средба ако се разгвара со дијаметрално спротивни и исклучувачки ставови. Нашето политичко нееинство ги прави нашите проблеми оти немаме ни елементарен политички дијалог меѓу опозицијата и позицијата. Кога станува збор за заеднички интерес каков што е членството на ЕУ мора да имаме минимум политички консензус за да се исполнат условите за влез во ЕУ, вели  политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски за лидерската средба закажана за в среда во СТУДИО 10 на ТВ 24.

- Македонија треба трансформациски да се менува во сите сфери пред се е за граѓаните, а тоа гледаме дека не се случува во последниве 30 години и затоа се случуваат масовни иселувања од државата, коментира Атанасоски.

Атанасоски вели дека на почетокот на плуралноста во Македонија сме имале поголема политичка култура, тоа требало да се задржи, а не да се среќаваат лидерите на двете најголеми партии само колку да се сликаат и да кажат дека не се договориле.