Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ нема морално право да се буни за физичкото насилство во Собранието

„Аполутно сум против физичко и вербално насилство. Во нашата куса парламентарна историја, Македонија имала многу обиди за физичко насислтво. Имавме и два тотално катастрофални инциденти со физичко насилство, 24 декември „црниот понеделеник, и „крвав четврток“ 27 април 2017 година кога беше најсрманиот ден за Македонија. Сметам дека врз база на овој историјат, пратенциите не се свесни за што се избрни и не се свесни каде се наоѓаат, за што се избрани и како треба со кој дигнитет треба да ја обавуваат функцијата народен избраник или пратеник. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема морално право да се буни на тоа физичко насилство, бидејки во двата споментати настани оваа политичка партија директно учествуваше во спроведување на такво насислтво.“ - вели за Студио 10 Благојче Атанасоски, политички аналитичар.