Аталанта го победи Баер во финалето на Лига Европа со хет-трикот на Лукман
Екипата на Аталанта го освои својот прв историски европски трофеј, откако вечерва убедливо славеше над Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа со конечни 3-0 (2-0).
Херој на победничкиот тим беше феноменалниот Адемола Лукман, кој запиша хет-трик и донесе огромна радост за своите навивачи. Новиот шампион во Бундеслигата конечно потклекна и ја заврши неверојатната серија од 51 меч без пораз.
Огромен успех за Џан Пјеро Гасперини, кој го донесе првиот европски трофеј во историјата на Аталанта, а воедно и втор во витрините на италијанскиот клуб (последен пат освоен Куп на Италија во далечната 1963 година).