„Астрорум“ ексклузивно со Андре Риу
Foto

„Астрорум“ ексклузивно со Андре Риу

Оваа и следната недела, 14 и 21 април, во 19 часот екслузивно само гледачите на ТВ24 ќе можат да проследат две специјални изданија на емисијата „Астрорум“. 

Во нив, Бранка Костиќ-Марковиќ, непосредно пред прв концерт во нашата земја, не внесува во светот на еден од најпопуларните музичари на денешницата, угледениот виолинист, композитор и диригент, Андре Риу.

Таа со нејзиниот тим го посети маестро Риу во неговиот дом во Мастрихт, беше и во неговиот комплекс студија и продукцијата од каде што излегуваат сите дискографски изданија, и заедно со неговиот приватен оркестар „Јохан Штраус" отпатува во Лисабон, на еден од 11-те распродадени концерти во португалската престолнина. 

Оттаму се врати со ексклузивен материјал, којшто го спакува во две ТВ репортажи. Бидете со „Астрорум“ и ТВ 24 и уживајте во дружењето со „Современиот крал на валцерите“, човекот што го издигна овој жанр на ниво на најпопуларната музика во светот. 

 

0 Коментари

Остави коментари