Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата се збогува со Благојче Илиевски

Со смртта на Благојче умира и совеста на одговорните, никој не се чувствува виновен што пациент за кој постои лек почина пред очите на целата земја. Со месеци се предупредуваше на ова сценарио, но луѓето умираат, чекајќи да престанат политичките игри, а да почнат да работат оние кои се избрани премиерот, министрите и владата, администрацијата. Денеска си ја префрлаа одговорноста меѓу себе.