Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата ќе се збогува со Благојче Илиевски

Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата  ќе се збогува со  Благојче Илиевски,  најтешко болниот пациент од цистична фиброза, кој почина  чекајќи го лекот „трикафта“. Велат не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек.