Асанж излезе од затворот во Лондон

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж најверојатно ќе склучи договор со американските власти, објавија повеќе медиуми кои се повикуваат на американски судски документи. Новинарот и свиркач сака да се изјасни како виновен во рамки на договорот со Министерството за правда на САД. Се очекува по неговото признание на вина и осуда за обвиненијата за шпионажа, тој да се врати во својата родна Австралија.

Светските агенции објавија дека Асанж се качил на чартер лет во Лондон. Авионот сега е во Бангкок, каде полни гориво, јавува агенцијата АФП повикувајкќи се на информации од висок службеник на Тајланд. Потоа, како што се додава, авионот би требало да го продолжи патувањето кон островот Саипан.

Асанж би требало да се појави пред судот во среда наутро и да биде осуден на 62 месеци затвор, при што треба да бидат земени предвид петте години кои ги мина во британски затвор.