„Арт рок хепенинг” се одржа во Кавадарци
Foto

„Арт рок хепенинг” се одржа во Кавадарци

Ликовен перформанс, драмски дел и музика, беа дел од синоќешната манифестација „Арт рок хепенинг“ што се одржа на градскиот плоштад во Кавадарци.

Случувањата почнаа завчера, со учество на дваесетина уметници од Кавадарци и други градови.

-Настанот е  посветен на љубителите на ликовната, музичката и драмската уметност. Организатори се Домот на културата „Иван Мазов-Климе, градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, рече актерот Диме Коцевски.

Манифестацијата беше поддржана од Министерството за култура.

0 Коментари

Остави коментари