Арсовски за тв 24: Слудо е да се даваат 200 000 евра за организација на јавни настани во време на пандемија
Foto

Арсовски за тв 24: Слудо е да се даваат 200 000 евра за организација на јавни настани во време на пандемија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во 24 анализа рече дека биле пласирани информации во јавноста на кои директорот Петров требаше да одговори. Тој го праша дали е точно дека има забрана за влез и работа во една арапска земја, на кој Петров одговори негативно.

Во однос на тендертите рече дека е спорно што Бојан Ивановиќ како член на СДСМ и советник во град Скопје, има земено неколку тендери и последниот тендер за маркетинг услуги потпишан лани во вредност од 11 800 000 денари и тој земла земено три тендери во низа во вредност од над 4 милиони денари.

„Прашањето е зошто ако директорот Петров во изјава на социјалните мрежи рече дека не го потпишал договорот, немал можност да го ревидира и прекине, ако смета дека е спорен. Она што е спорно во истиот договор, вели договор за организирање на настани, но и други услуги кои произлегуваат од тие настани, вклучително и медиумска промоција. Требаше да му биде јасно на претходниот и сегашниот директор дека ако има мерки за забрана на групирање, слудо е да се даваат 200 000 евра за организација на јавни настани.“ - вели Арсовски.

Арсовски го прташа за која намена се потрошени 1 милион денари за комуникациски услуги, зошто граѓаните наидуваат на нетранспарентност и не може да дзнаат за што се трошат парите.

0 Коментари

Остави коментари