Арсовски за ТВ 24: На Петков може да му се распадне владата при гласањето на одлуката за почеток на преговорите

Петар Арсовски - политички аналитичар во емисијата 24 анализа рече дека не знае што би одбрал Петков ако условот за решение со Македонија, ќе го чини неговата политичка кариера и да заврши како Ципрас.

- Не знам харвардската двојка дали ќе одлучи да го жртвува сегашниот политички капитал кој се намалува. Не сум сигурен Петков што ќе одбере ако условот е да го реши прашањето и потоа да замине. Дури и да реши да ја жртвува кариерата, не знам дали има сила тоа да го направи. него може да му се распадне владата при гласањето на одлуката за почеток на преговорите, иако никој друг освен владата нема право на учество во првата одлука. - рече Арсовски.