Арсовски за тв 24: Ќе го направиме Вардар пловен

Горан Арсовски од Комунистичката партија на Македонија во емисијата 24 анализа вели дека Комунистичката партија на Македонија имаат програма за подобрување на состојбата.

- Ние во нашата кампања го ставивме фокусот на проблемите на граѓаните. Затоа ги повикувам да гласаат да добијат 50% поевтина цена на водата, комуналиите, укинување на таксата за улично осветлување, која е обврска на ЕВН. Граѓаните ќе добијат бесплатен паркинг на цела територија во траење од три часа, а потоа секој нареден час, нема да биде поскап од 10 денари. Ќе биде укинато и плкаќањето во Клиничкиот центар, околу сите амбуланти и клиники во целата држава. Ќе бидат отпишани сите камати за комуналните давачки и сите долгови постари од еден месец кои граѓаните ги имаат кон истите. Ќе го направиме Вардар пловен. - вели Арсовски.