Арсовски за ТВ 24: Дали екипата од САД е дојдена за да направи увид кого да стават на нивната црна листа?

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата 24 анализа вели дека не е тајна дека американската администрација смета дека корупцијата е еден од главните проблеми кој го спречува целиот регион да го достигне стандардот на евроинтеграциите.

- Не е голема тајна дека тука има корупција и таа станува ендемски вид на Балканот. Ние мора да расчистиме кој е мандатот. Политичките партии аплаудираат како одвај да го чрекале сингалот. Дали екипата од САД е дојдена за да направи увид кого да стават на нивната црна листа или на покана на македонските власти да се занимаваат со внатрешниот проблем на државата? - вели Арсовски.