Aрсовски: Направивме доста отстапки со Бугарија, а за возврат имаме само добра волја

„Бугарија сега има Влада, сликите и амбиентот од посетата на Петков беа позитивни. Се изгледа како позитивен чекор, како да има нов ентузијазам, но недовербата која постои меѓу двете јавности, во двете земји, е разбирлива. Прашање е дали ќе дојде на ред за некаква конкретна отстапка од страна на Бугарија, дали ќе има поконкретни чекори, допрва треба да се види. Една ластовичка не прави пролет, да видиме дали ова е најава за вистинска пролет. Не знаеме дали Бугарија ќе ја дигне рампата за Македонија, најавата се дека ќе треба време за тоа. Дали ние ќе ги затвориме отворените прашања кои Бугарија ги номинираше во спорот - не се знае. Нотата до ОН беше еден од пакетите. Значи дека веќе не се 5+1, туку сега се 4+1. Направивме доста отстапки, а за возврат имаме само добра волја. Ги разбирам исплашените дали вака на ситно може да ги загубиме преговарачките позиции. Денес може да сме малку пооптимисти за разлика од пред една недела“ - вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во Студио 10 на ТВ24.