Арсовска за тв 24: Ќе се залагаме за санација и ревитализација на сите диви депонии
Независниот кандидат од Група збирачи поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска во емисијата 24 анализа истакна дека дивите депонии се најголемите проблеми и тонеме во нечистотија. Верува дека не требаат години, туку месеци.
- Јас за тоа би се заложила, санирање и ревитализација таму каде што сега има диви депонии. Има луѓе кои знаат и можат и кои ќе ги донесат решенијата веднаш и сега. Тоа е причината што ја барам довербата од Скопјани и да гласаат за мене. Со добро и квалитетно менаџирање на градот, тој ќе биде поубаво место за сите нас - рече Арсовска.