Арсовска: Советниците во Скопје одбиваат да одобрат ангажирање на работници за „Комунална хигиена“

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска вели дека има проблем со хигиената во Скопје, но вели тоа е предизвикан од советниците во градот кои одбиваат да го одобрат ангажирањето на 120 работници кои претходно биле вработувани.

Арсовска додава дека нечистотијата има и политичка димензија, бидејќи во Скопје се носи ѓубре од други градови.