Арсовска: Скопје добива жена градоначалник по 30 години од независноста

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.

Во обраќањето, Арсовска им се заблагодари на скопјани за укажаната доверба што за првпат по 30 години независност Скопје добива жена градоначалник и најави дека веднаш ќе започне со реализација на проектите од нејзината изборна програма. Дел од нив, како што рече, ќе се реализираат уште во првите 82 дена од мандатот.