Арсовска: Најмногу губат уметниците од независната културна сцена
Откако министерството за култура соопшти дека се стопира исплатата на парите за проектите доделени со годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 година, реагираше синдикатот за култура
Во разговорот за тв 24, Сања Арсовска меѓу другото изрази задоволство поради тоа што ќе се ревидираат потпишаните договори, но изрази жалење затоа што, како што вели таа најмногу губат уметниците од независната културна сцена.
Арсовска вели дека комуникацијата со министерството за култура е отежната најмногу поради односот на администрацијата кон културните работници.