Арсовска ги обвинува приватните превозници за криминал, тие демантираат и го бараат долгот од градот Скопје

Политичко - економската драма во градот Скопје продолжува со несмалена жестина. Прво градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, ги обвини приватните превозници дека од 2017година не пријавиле продажба на ниту еден билет, а потоа првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски излезе со демант на таа информација.