Арсенал веќе нашол замена за Емери
Foto

Арсенал веќе нашол замена за Емери

Раководството на премиерлигашот Арсенал донело одлука кој да го замени тренерот Унаи Емери. Според „ББС“ во случај на разрешување на шпанскиот специјалист, лондонскиот клуб има намера да преговара со Нуно Еспирито Санта, кој сега е на чело на Вулверхемптон.

Арсенал синоќа на свој терен загуби од Ајнтрахт Франкфурт на натпреварот во Лигата на Европа (1:2) и пропушти шанса да го завери пласманот во следната фаза.

 

На „топчиите“ не им оди во домашното првенство каде по 13. кола се на 8.место со 18 бода.

0 Коментари

Остави коментари