Aрсенал со нова понуда за Заха
Foto

Aрсенал со нова понуда за Заха

Арсенал не се откажува од фудбалерот Вилфрид Заха, му испратија нова понуда на неговиот клуб Кристал палас.

Кристал палас ја одби првата понуда од 60 милиони фунти на „топџиите“, но овој пат понудата е зголемена на 65 милиони фунти и едногодишно позајмување на Реис Нелсон.

Во овој летен преоден рек Кристал палас веќе заработи 55 милиони фунти од продажбата на Арон Ван-Бисака кај Манчестер јунајтед, но кога станува збор за Заха, него не сакаат да го пуштат за износ помал од 80 милиони фунти.

Статистиките за ефикасноста на овој 26-годишен играч говорат дека тој минатата сезона настапил на 36 натпревари, на кои постигнал 10 голови.

0 Коментари

Остави коментари