Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители
Foto

Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители

Археолошкиот музеј соопшти дека од денеска почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и на протоколот за посета на музеј.

– Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати, соопшти Археолошкиот музеј, кој за јавноста беше затворен од средината на март.

Во соопштението музејот му се заблагодари на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце.

– Апаратот е поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета на нашата постојана поставка, наведува Археолошкиот музеј.

0 Коментари

Остави коментари