Аргументи “за“ и “против“: Стратешки инвестиции или нестратешко раздавање на државните ресурси
За пет години грчкиот инвеститор Митилинеос треба да ја изгради новата гасна централа, која ќе ја замени постојната ТЕ-ТО. Ова е дел од четирите стратешки инвестиции вредни 786 милиони евра, кои на три месеци пред избори се пред пратениците на пленарна седница.
Спроведувањето на Стратешкиот инвестиционен проект претставува значајна стратешка иницијатива која ќе ја зајакне енергетската сигурност во снабдување, преку намалување на зависноста на државата од увоз на електрична енергија, стои во Законот за стратешки инвестиции во земјава.
Меѓутоа, дали и колку овие инвестиции се навистина стратешки за Македонија, после огромниот притисок, по кратка постапка, да се протурка проектот насловен „Гасна когенеративна постројка - Митилинеос“, да се донесе закон за државна помош од 50 милиони евра?
Според универзитетскиот професор Константин Димитров, кој беше гостин во вчерашната 24 Анализа, државата треба да вложи сопствени сретства за да изгради сопствени капацитети за да се задоволат потребите на граѓаните.
Стратешките инвестиции се влог во циклус на изградба на капитални енергетски капацитети, пак смета, директорот за развој на електростопанство на Македонија, Виктор Андонов.
Инаку, според надлежните, ова е процес кој ја дефинира енергетската сувереност на државата кој пак е условен од обезбедувањето на базна енергија, што претставува фундамент во функционирање на електроенергетскиот систем.
Оваа когенеративна постројка се очекува да има директно значајно намалување на топлинската енергија, која се предвидува да биде 40 отсто поевтина од сега.