Аргумент плус - Од извршители има блокирано околу 40 илјади сметки на луѓе кои се претежно во странство

По одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за измените и дополнувањата на Законот за Облигациони Односи кои се донесоа лани во јули, очекувањата и на извршителите и на адвокатите се дека ќе се надмине правниот хаос кој го предизвикаа овие измени со кои станаа неапликативни во правниот промет.

Според претседателката на Комората на извршители Весна Деловска во државава има околу 40 илјади блокирани сметки на лица кои се главно странство, а не 200 и над 200 илјади како што се тврди во јавноста.

За адвокатот во пензија Ѓорѓи Андов, пак државата треба да спроведе социјални програми за граѓаните кои поради одредени причини не по своја вина се довеле во ситуација да не можат да си го платат одреденото долгување, но има лица кои користат секакви можности да го избегнат плаќањето па користат се и сешто да го затскријат имотот за да нема од каде да им се наплати. Тие се едноставно неплаќачи, вели Андов. Ред во оваа сфера мора да има, бидејќи пред уставот сите права треба да важат и за оние што должат меѓутоа и оние на кои им се должи независно дали станува збор за физички или правни лица.