Аргумент плус - Кој е планот на владата за уставни измени?
Било кој механизам, кој е во насока на отворање на комуникација со опозицијата на тема уставни измени ние би го примениле па дури и разговор со секој еден пратеник поединечно, вели во вечерашното интервју за Аргумент+ вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Тој смета дека не е исправно да се поврзуваат уставните измени со парламентарни избори, кои смета треба да се случат вгодина, но доколку опозицијата настапи условено - поддршка за уставните измени за предвремени избори пролетва, Маричиќ вели вреди да се разговара за секоја идеја која би довела до 80 пратенички гласови.