Аргумент плус: Има индиции за нови вмешани во скандалот „Платежна агенција“
Досегашната истрага во платежната агенција утврдила дека ќе има и нови вмешани во скандалот кој ја потресе платежната агенција. Новата директорка Даниела Иротова Лазарева во интерву за Телевизија 24 остави тоа да го кажат истражните органи, но таа кажа дека имало индиции за нови коруптивни зделки. Дополнително, од август до октомври, 25 апликации кои ги исполнувале условите за добивање на европски пари биле повлечени од страна на земјоделците или земјоделските стопанства поради засега неутврдени околности. Директоркиата не сакаше да прејудицира и таа документација ја предала во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

