Аргумент плус: Дали се соочуваме со сценарија за предизборна дестабилизација?

На секој изборен циклус во Македонија се повторува црната кампања меѓу политичките партии во земјава, вели првиот човек на МЦМС, Александар Кржаловски. Иако има напредок, сепак, како што вели Кржаловски, далеку сме од избори и изборна кампања какви што се оддржуваат во земјите членки на Европската Унија.