Аргентина слави, Франција тагува за поразот во финалето во Катар

По цели 36 години Аргентина повторно се закити со титула светски фудбалски првак. Се уште се слави во земјата..Победата која Меси и репрезнатицајата ја добија над Франција натера илјадници Аргентинци да излезат на улица со што уште еднаш се докажа дека земјата живее за фудбалот.

 

Од друга страна во Париз е откажан денешниот дочек на француската фудбалска репрезентација, која вчера загуби од Аргентина на пенали во финалето на Светското првенство во Катар.

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција Ноел ле Грет, во изјава за локалните медиуми прецизираше дека дочекот е откажан бидејќи фудбалери изразиле желба веднаш по слетување да заминат во своите домови. По големото финале во неколку француски градови избувнаа нереди. Вкупно 227 лица беа уапсени, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на полициски извори. 

Свој осврт за мундијалот и победата на репрезентацијата на Аргентина над триколорите во Студио 10 дадоа Игор Ангеловски и живата легнедна на македонскиот фудбал Горан Пандев.

 

Следното Светско првенство ќе се одржи во 2026 година во Северна Америка, а веќе е познато дека ќе биде најголемото Светско првенство во историјата. Домаќини на следното Светско првенство ќе бидат САД, Канада и Мексико, а ќе видиме најголемо проширување на бројот на репрезентации во историјата.

Од 1998 година и првенството во Франција, а завршувајќи со завршениот турнир во Катар, на СП учествувале 32 репрезентации. Во Северна Америка ќе учествуваат 48 репрезентации.