Аргентина и Колумбија четвртфиналисти во Купот на Америка
Foto

Аргентина и Колумбија четвртфиналисти во Купот на Америка

Колумбија како првопласирана и Аргентина која заврши на втората позиција во групата Б ќе играат во четвртфиналето на Копа Америка. Двете селекции ноќеска забележаа победи и ја оправдаа фаворитската улога.

Аргентина во Порто Алегре го совлада Катар со 2:0. Головите ги постигнаа Мартизнез и Агуеро.

На дуелот во Салвадор, Колумбија благодарение на Гуелар го совлада Парагвај со 1:0.

Конечен поредок во Б-групата: Колумбија 9 бода, Аргентина 4, Парагвај 2, Катар 1.

Вечер во 1 часот по полноќ се играат последните натпревари од групната фаза во Ц-групата

Чиле – Уругваj

Еквадор – Јапонија. 

0 Коментари

Остави коментари