Аргентина е вториот финалист и ќе игра против Шпанија во финалето
Англија и Аргентина водеа вистинска фудбалска војна на теренот на „Мерцедес-Бенз“ стадионот во Аталанта.
Во пресрет на дуелот, градските власти во Атланта, пред се органите за ред и мир ја зголемите борбената готовност на максимум. Нивото на безбедност е кренато на највисоко пред се затоа што двете навивачки групации дојдоа во огромен број, а и двете имаат историја на инциденти на мундијалите.
Во првото полувреме беа направени дури 19 фаули во обид да се постигне гол. Двете репрезентации играа ноншалантно и без брзање како да се чуваа за второто полувреме. Ентони Гордон го постигна првиот гол за Англија. Хари Кејн започна акција по која испрати долга топка до Роџерс кој нафрли во шеснаесетникот, а на вистинското место се најде новото засилување на Барселона, Ентони Гордон кој ја дведе Англија во водство.
Во првите 30 минути од ова полуфинале ниту една од двете репрезентации не упати ниту еден удар кон голот. Во второто полувреме, Аргентина како да се освести по голот на Англија и масовно напаѓаа на мрежата на Пикфорд. Имаа целосна доминација, но Пикфрод успешно одбрани четири зрели шанси аргентинците да дојдат до израмнување.
Нико Гонзале пропушти добра прилика кога ударот заврши покрај стативата. Се редеа удари во стативата, но аргентинците беа решени да дојдат до израмнување. Енџо Фернандез ја сруши надежта на англичаните и го постигна посакуваниот израмнувачки гол. Пикфрод беше немоќен пред силниот удар. Англија беше на прагот да слави влез во финалето, но овој гол ги шокираше.
Меси засилено напаѓаше кон голот во обид за водство. Аргентина имаше масовна поддршка од навивачки. За Аргентина се повтори историјата од 1986 и четвртфиналниот дуел меѓу Англија и Аргентина на Мундијалот во Мексико. Тогаш голот што Марадона го постигна со левата рака, судијата не го забележа прекршокот и погодокот беше признат. Подоцна самиот Марадона изјави дека тоа била „Божјата рака“. Овојпат за Аргентина тоа беше божјата нога на Лаутаро Мартинез кој ја запечати судбината на англичаните со асистенција на Меси и со глава ги стаписа англичаните. Аргентина водеше со 2:1. Англија со последни сили бркаше израмнување, но Гордиот Албион се помири со судбината дека во сабота ќе игра за трето место со Франција.
Финалето помеѓу Шпанија и актуелниот светски првак Аргентина се игра в недела од 21:00 часот во Њујорк, додека во сабота Англија и Франција ќе играат за третото место во Мајами.
За потсетување, Аргентина ја освои светската титула во 2022, победувајќи ја Франција во драматичното финале со изведување пенали (4-3) по нерешениот резултат 3-3 на крајот на Мундијалот во Катар.

