Апсењето нa внукот на Ахмети „под лупа“ на јавноста

Надлежните институции кои работат на расчистување на случајот во кој беше фатен  внукот на Ахмети како превезува пиротехнички сретства треба да постапат неселективно како и за секој друг кој се огрешил пред законот. Вака премиерот Ковачевски и денеска кратко пред медиумите ги  коментираше последните случувања околу овој случај 

 

Мојот став е како на институциите . Се работи за регуларна проверка во која било идентификувано лице кое превезувало пиротехнички сретства и целиот случај е предаден во обвинителство како и за секој друг.

Од Обвинителството и денеска велат дека истрагата е во тек и дека кога ќе заврши вештачењето ќе има информации .  Дрин Ахмети пак  вчера во кратка изјава за дел од медиумите рече дека пиротехниката била легално купена а подароците во автомобилот биле за неговите внуци . 

Во меѓувреме пак и денеска опозициската ВМРО ДПМНЕ со обвинувања дека власта не се справува со криминалот и дека многу од криминално – коруптивните  случаи во 2023  како што велат според нив и натаму фрлаат дамки на сомнеж. Покрај случајот за двојното убиство, струшкиот градоначалник обвинуваат дека институциите ги штитат и како што велат бизнисите на дел од интегративците и фамилијата Ахмети а прашуваат и зошто се уште нема предмнет за случајот Соравиа каде со сопственост се стекна токму Дрин Ахмети внукот на првиот интегративец . 

Наум Стоилковски ВМРО ДПМНЕ 

  Токму со случајот Соравиа Дрин Ахмети и стана познат на јавноста кога на пресконференција пред новинарите елаборираше како се стекнал со својот удел  и со сретства за да ја купи зградата и исплати долговите.