Апелациониот суд ја укина двегодишната затворска казна за Лидија Димова
Апелација ја укина пресудата со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова беше осудена на две години затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Од Апелациониот суд велат дека одлуката следува по јавната седница одржана на 11 март годинава на која биле уважени жалбите на ОЈО ГОКК и на обвинетата Димова. Според нив, во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова, а за кои дејствија е ослободена.
Апелациски суд
По повод жалбите и по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата Л.Д. од С. е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата.
Кривичен ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Покрај тоа имаше и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција.

