АПЕЛАЦИЈА ГИ РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБИТЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“
Foto

АПЕЛАЦИЈА ГИ РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБИТЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

Најпрво едноминутно молчење за загинатите во кумановската населба „Диво насеље“, потоа разноразни барања, навреди и пцости упатени кон судечекиот совет на Апелациониот суд во Скопје и на крајот доборволно заминување од судницата на Врховниуот суд каде денеска, на Јавна седница, се читаше првостепената пресуда и се разгледуваа жалбите на осудените за тероризам.

Денешната Јавна сеница многу не се разликуваше од 17. октомври 2017. година, односно од денот кога скопскиот крвичен суд ја изрече првостепената пресуда, а на која од вкупно 37 обвинети беа присутни само четворица. Имено, по денешното заминување на обвинетите во судницата останаа само тројца осудени и малку е веројатно дека нивниот број утре, кога сединцата треба да продолжи, ќе биде поголем.

Иако одбраната има големи очекувања од судечкиот совет, сепак судската петорка уште од врата беше цел на напади од обвинетите. Залудно судот ги поучуваше дека тие имаат право на судски преведувач, бидејќи ним им беше важно тоа што, во нивно име, напишал осудениот Генци Сефа, а имаше и дофрлања дека тие се „автохтони“ и дека „ова е Албанија“. По ова обвинетите станаа и ја напуштија судницата.

Судницата ја напуштија 29 лица, а останаа само двајца кои добија ослободителна пресуда и обвинетиот Ебип Алии, кој беше осуден на казна затвор во траење од 12 години.

Со првостепената пресуда, изречена две ипол години по еднодневната мајска војна во Куманово, скопскиот кривичен суд изречен седум казни доживотен затвор, а 13 други беа осудени на по 40 години затвор. Шестмина беа осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца по 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Согласно пресудата на 16. лица обвинети судот им изрече и казна протерување странец доживотнопротерување од државава.

0 Коментари

Остави коментари