Апасиев со контрапријави до оние што го пријавија за ширење говор на омраза
Foto

Апасиев со контрапријави до оние што го пријавија за ширење говор на омраза

Лидерот на Левица Димитар Апасиев повикан во ОЈО да даде исказ по однос на трите поднесени кривични пријави против него за ширење расна, верска и етничка нетрпеливост.

Станува збор за статусите кои беа објавени на неговите профили на социјалните мрежи  по парламентарните избори. Во изјава за медиумите Апасиев посочи дека добивал и закани за неговото семејство и очекува дека кривичните пријави против него ќе бидат отфрлени а вели спремен е правдата да ја бара и до Стразбур. Исто така посочи дека планира следната недела и тој да поднесе контра пријави против оние кои што го пријавиле.

Како што посочи Апасиев, пријавите против него се поднесени од Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, но и едно известување за сторено кривично дело од страна на МВР.

Во ова тој вели дека гледа политички притисок, бидејќи поканите му биле доставени преку полиција а не преку вообичаените канали на комуникација.

0 Коментари

Остави коментари