Апасиев и Крмов контра измените на деловникот - настрада компјутерот и фрлаа со хартија кон Мисовски

Кршење на монитори но и фрлање на листови и хартија кои завршија директно во лицето на заменик претседателот на законодавниот дом Мисовски од страна на пратениците на Левица Апасиев и Крмов.

Ситуацијата ескалираше поради расправата за точката за деловникот по што во салата влезе собранискиот спикер кој мораше да ја прекине седницата. На ова и претходеше расправата на која пратениците на Левица бараа прекинување на седницата и обвинуваа дека СДСМ и ДУИ на сила сакаат да ги донесат измените во деловникот. 

И додека растат предизборно тензиите и нетрпението меѓу партиите веќе се калкулира и околу датумот за изборите. Премиерот Ковачевски денеска со нов став дека сепак прифаќа парламентарни избори во мај кои би биле заедно со вториот круг на претседателските . Ковачевски денеска во изјава за медиумите а говорејќи и за евентуалните коалиции уште еднаш посочи дека СДСМ и ДУИ остануваат коалициски партнери додека пак со Алијанса за Албанците тврди се има капацитет за разговори кои водат кон економски просперитет и модерна држава.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска кратко велат дека во изјавата на Ковачевски препознмаваат нешто за кое веќе подолг период говорат и дека одржувањето на претседателски и парламентарни избори заедно е нешто кое го бараа и најверојатно ќе се реализира .

Иако е се уште рано да се зборува за коалиции сепак партиите полека ги исцртуваат своите идни чекори за престојната  изборна година  откако лидерот на Алијанса за Албанците Таравари  веќе посочи дека партијата сериозно размислува сама да настапи на престојните избори а пак албанскиот опозициски блок познат како Европски сојуз за промена иако велат дека се уште кај нив е отворена вратата за коалиција со Таравари не ја исклучуваат можноста и да ги бојкотираат изборите доколку како што посочија неодамна не добијат свој член во ДИК .

Сепак конкурсот за избор на член на ДИК е веќе затворен а велат собранискиот спикер Џафери веќе е информиран дека нивниот кандидат е Абдуш Демири и бараат што поскоро собранието сега да постапи за целиот процес да тече согласно уставот и законите.