„Антологија на млади поети од Северна Македонија“ објавена во Грција
Foto

„Антологија на млади поети од Северна Македонија“ објавена во Грција

Електронската книга „Антологија на млади поети од Северна Македонија“ (https://www.kobo.com/gr/en/ebook/anthology-of-young-poets-from-north-macedonia) е објавена во Грција.

Книгата која е дел од популарната серија „Антологии на млади поети“, содржи песни од 13 поети од современата македонска поетска сцена, од кои некои првпат се јавуваат токму во неа.

Изданието е билингвално, стои во описот на антологијата на англиски јазик. Составувач м-р Ѓоко Здравески е антологичар на изданието, а поезијата од младите поети од Северна Македонија беше препејана од Елени Катсиоли.

Проектот „Млади поети“ е на издавачот од Атина vakxikon.gr.

0 Коментари

Остави коментари