Антикорупциската комисија нема легитимитет да продолжи да работи, сметаат експертите
Корупцијата е состојба на мозокот која може да продри длабоко во секоја пора на системот, да го разложи на ситни парчиња, да го доведе до степен на конформизам и да наруши едно цело етичко и морално функционирање сметаат дел од експертите.
Последните случувања врзани со Антикорупциската комисија ја извади на повидок дискусијата во јавноста дали и зошто треба да се има доверба во институција која наместо борба продуцира корупција. Од Влада за ТВ 24 со одговор дека антикорупционерите имаат огромна одговорност пред јавноста. Потенцираат дека заложбата на Владата е бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата но и дека секој кој извршува јавна функција е обврзан на целосно почитување на законските норми.
„Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска, етничка, а најмалку без разлика на неговата функција која ја извршува. Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување. Од аспект на морал сметаме дека поголема е одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за тоа.“ - велат од Влада за ТВ 24.
Првиот чекор кој треба да го направи претседателката на ДКСК е повлекување пред се заради зачувување на довербата и интегритетот на антикорупциската комисија но и поради фактот што меѓународниот фактор ја следи состојбата со корупцијата, вели поранешниот антикорупционер Шемси Салаи. Додава дека Евроспката комисија несомнено дека во своите извештаи и препораки потегот на антикорупциската комисија ќе го имаат во предвид со што ќе се испрати негативна перцепција за државата во обидот за борба со корупција.
Димитровска е една од осомничените во проширената истрага на ОЈО ГОКК за случајот „Адитив“. Осомничена е дека преку апликации за пораки оддавала службени тајни.
Дел од експерите на ставот дека пресумпцијата на невиност е неспорна но потенцираат дека во конкретниот случај станува збор за личност која зазема клучна позиција во градењето на севкупната јавна свест за борба против корупција па поради тоа повлекување од позицијата е првиот чекор што треба да биде направен за да не се доведе во ситуација работата на останатите членови на ДКСК.