Антикорупциската комисија идната недела ќе решава дали ќе покрене иницијативи за можни злоупотреби на буџетски пари во два случаја

Антикорупциската комисија идната недела ќе решава далиу ќе покрене иницијативи за можни злоупотреби на буџетски пари за тендерите за време на пандемијата кои ги објави Центарот за граѓански комуникации.

Покрај ова антикорупционерите ќе расправаат и за 100 илјади евра кои ќе се потрошат за прославата на Рамковниот договор.

Потпретседателот на Комисијата Владо Георгиев вели дека тоа е најмалку неетичко однесување, но покрај секое кршење на етиката има и опасност од корпуција.